Кумановскиот музеј со повеќе активности ги одбележува Европските денови на културно наследство

Сподели со своите пријатели

НУ Музеј Куманово со повеќе активности ги одбележува Европските денови на културното наследство, кои годинава се одбележуваат под мотото „Уметноста на споделувањето“.

За учениците од прво до петто одделение од повеќе кумановски основни училишта, информираше кустосот Неда Митковска, беше организирана посета на музеи во Скопје, Музејот на град Скопје, Археолошкиот музе и Музјеот на македонската борба , каде се одржа и креативни едукативни работилници. Годинава, во одбележувањето се вклучи и општина Куманово.

– Посетата се реализира во рамки на проектот кој го спроведува музејот, насловен „Сподели богаство“. Децата се запознаа со нашето национално богатство преку интеракција со вработените, имаа можност да творат, а беа инспирирани од виденото во музеите и на овој начин развиваат свест за значењето на музејска култура и историја, изјави кустосот, Митковска

Изминатава недела беше организира и изложба од авторката Ангелина Поповска која се одржа во Уметничката Галерија во Куманово. Во организација на Музејот наредната недела учениците од кумановските основни училишта ќе имаат можност да ги посетат постојаната музејска поставка и културно-историските одбележја во градот.

Годинава, Европските денови на културно наследство се оддржуваат од 27 септември до 7 октомври.

Leave a Reply