Кумановскиот музеј продолжува со истражувања на локалитетот Градиште (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Националната установа Музеј Куманово започна со ископување на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане.

Loading...

Се работи на секторот на средната тераса на локалитетот, каде што археолозите пред неколку години открија остатоци од голем, масивен ѕид.

– Ископувањата се насочени околу овој ѕид, за кој се уште не сме ја дознале првобитната функција, каде што постојат доградувани и преградувани простории, некои од нив и всечени во карпата, информираат од установата.

 

 

Материјалот кој е пронајден од локалитетот се датира во периодот на 4-3 век пр.н.е. Станува збор најчесто за локално работена керамика која ги имитира формите од егејскиот југ, но и за помала количина на импортирана керамика од тој регион.

Формите на накит пронајдени до сега претставуваат исто така импорти, со познат изглед типичен за медитеранскиот регион во тој период. Преку него индиректно се согледуваат и религиските верувања на народот кој живеел на локалитетот, а кои скоро во целост биле изградени според грчкиот пантеон, се разбира, со додадени локални карактеристики.

Loading...

 

 

Инаку, локалитетот е особено интересн за проучување, токму поради високиот цивилизациски развој на локалното население, посведочен преку многу архитектонски елементи за кои што паралели се наоѓаат во пајонските и македонските престолнини.

Ископувањата се дел од годишната програма на НУ Музеј Куманово, финансирана од Министерството за култура.

Никола Ивановски

Leave a Reply