Кумановскиот комитет повеќе не е руинирана и запуштена зграда (фото)

Сподели со своите пријатели

Изградена во 1976 година, зградата во Куманово позната како Комитет, поточно поранешна Зграда на стручни служби на самоуправни интересни заедници, деновиве добива нов лик, откако со средства од Општина Куманово и Североисточниот плански регион, се реновираше кровната конструкција и големата сала.

Loading...

20151106_143345

Во проектот за обновување на зградата, влезе и целосно реновирање на тоалетите на вториот кат каде се одржуваат седниците на Советот на Општина Куманово како и санирање на ѕидовите во антрето со бојадисување и премачкување со мрсна боја.

Големата сала на комитетската зграда е целосно реновирана, односно, изваден е стариот под, како и старата ламперија и заменето со нов теписон, целосно гипсирани и варосани ѕидови, нови и пресвлечени седишта и четири инвертер клима уреди. Салата во иднина ќе биде користена за општествени и партиски дебати, со план, во оваа сала наскоро да се одржуваат и седните на Советот на Општина Куманово.

20151106_143433

Над седиштата е поставена посебна просторија за проекција и продлжеток каде ќе бидат сместени новинарите и техничките служби.

Реновираната сала ќе биде свечено пуштена во употреба на 11 Ноември – Ден на Куманово кога е планирано одржување на свечена седница и доделување на ноемвриските награди.

Инаку, со важечките закони во СФРЈ, познавачите на приликите говорат дека во 1976 година, не било дозволено инвестирање во нестопански дејности, па така била изградена и комитетската зграда.

Loading...

20151106_143449

Зградата е изградена со заеднички средства на ОО на СКМ Куманово, Општинска синдикална организација, Собрание на Општина Куманово и ОО на Сојуз на борци од НОБ од Куманово, како и со донација односно 250 милиони динари од стопански работни организации.

Сега и овде, во комитетската зграда се сместени повеќе политички партии, Здружението на синдикати, Сојузот на борци, а како простор кој не се користи, повеќе простории се издадени на приватни фирми и кафулиња.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.