Кумановскиот бенд „KHARA“ ќе го промовира својот прв албум

Сподели со своите пријатели

По една година напорна работа кумановскиот бенд „KHARA“ го најавува својот деби албум насловен како „There Were Heroes Amongst Us”, чија промоција е закажана за 11ти јуни, сабота во кумановскиот театар.

Во продукција на Милош Краљевси и „MM Production Studio“, а во соработка со мастер инженерот Emmanuel De Saint Méen, режисерот Félix Brassier, како и Небојша Спасиќ задолжен за визуелизацијата на настанот, кумановци ќе се погрижат да ги забават сите љубители на инструменталниот пост рок звук.

Промоцијата ќе биде збогатена со получасовна уметничка изложба на Слободан Тимчевски.

Инаку бендот„KHARA“ е основа во октомври 2014 година, а составен од четири членови, а до сега имаат реализирано една композицијата под насловот „This cruel, mournful circle”.

Промоцијата ќе биде со слободен влез и со почеток од 19:30 часот.

 

Loading...