Кумановскиот актер Никица Јанковски доби награда за најдобар актер

Сподели со своите пријатели

Актерот Никица Јанковски од Куманово викендов се закити со наградата најдобар актер на театарскиот фестивал „Малиот принц“ кој се одржува во Штип.

Loading...

 

 

Јанковски играше во претставата „Малата сирена“ со која Театар Куманово се претстави пред штипската публика.

– Морам да признам дека чувството е прекрасно и се радувам на оваа награда. Би посакал сите да го почувствуваат тоа чувство. Инаку ми е прва награда во мојата кариера. Ова награда не е само моја, нормално на моите колеги кои стојат заедно со мене на сцена и на целата институција. Претставата е добро позната на нашата кумановска публика која верно ги освојува срцата до ден денес, изјави Јанковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

Loading...

 

Фестивалот „Малиот принц“ го организира Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип и е наменет за детски претстави од професионални театри од земјава.