Кумановски Водовод со страв ја очекува новата сметка за струја

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ од Куманово во страв ја исчекува новата сметка за струја која според првичните проценки ќе биде меѓу 12 и 13 милиони денари или околу 200.000 евра.

Loading...

Ова денеска го истакна директорот на „Водовод“ Оливер Стојмановски на седницата на Советот на Општина Куманово.

– Имаме уште пет сметки (до крајот на годината) во просек 12 милиони тоа се 60 милиони денари, милион евра и до сега 40 милиони денари тоа се 1,5 милиони евра, рече Стојмановски.

ЈП „Водовод“ набавува струја на слободниот пазар, таму цената е 800 евра за мегават час, откако претходниот снабдувач го раскинал договорот. Менаџерскиот тим сега склучил договор со ЕВН, но по многу неповолни услови.

Стојмановски вели дека освен долговите за електрична енергија во изминатиот период не се направени ниаквки други долгови.

– Околу 90 милиони денари има долг кон ЕВН, стар долг од 2000 година, кон општина од 2,5 милиони евра, затоа што општината го врати целиот долг по кредит од 2003 година. Имаме долг од 2,5 милиони евра кон Водостопанство, тоа е кога еднострано беше покачувана цена на вода, појасни директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Куманово според директорот е запозтавено, ако се земе предвид дека претходно Владата донела одлука да им ги отпише долговите на Струмица и Берово, а Куманово иако имало ветување тоа никогаш не го добило.

– Уште претходниот директор со промена на власта имаше состанок на кој присуствуваа тогашниот премиер Зоран Заев, генералниот секретар Драги Рашковски, градоначалникот, директорот на Водостопанство и Водовод при што е направен записник за отпис на тој долг од 139 милиони денари и тоа не се завшри. Имаше уште еден состанок беше направен записник и исто имаше некои несогласувања околу цената и имаше проблеми со ДДВ ни фактурираа со 18 отсто ДДВ а требаше пет и направија нов записник за отпис на долг од 151 милион денари, вели Стојмановски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

Но, за разлика од кумановски „Водовод“ кој никогаш не добил отпис, на претпријатијата во Струмица и Берово им биле простени 84 милиони, односно шест милиони денари со уште 10 милиони за камата.

Директорот ги повика советниците што имаат влијание до власта да лобираат за помош.

– Поднесете иницијатива заземете се ако имате влијание да има ваква одлука и за општина Куманово проверете ја 21 декември 2021 година донесена и реализирана, рече тој.

Меѓу долговите на „Водовод“ има и 17 милиони денари кон Министерството за животна средина по основ на давачки во Фонд за води и за одведување и прочистување отпадни води.

ЈП „Водовод“ работи со резерва од 16 милиони денари месечно. За плати троши девет милиони. Кон АД „Водостопанство Кумановско – липковско поле“ имаат давачки од 1,7 милиони денари, а за струја уште девет милиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 18:30 часот?

– Има два пата по кои може да се оди. Или само да се плаќа електрична енергија две три сметки и потоа да не знаеме што понатаму или како сега сервисираме долгови да гледаме да направиме помалку трошоци и да останат пари за електрична енергија и да платиме колку може два до три милиони денари и само тоа да биде проблем и мислам дека овој пат е поисправен, изјави директорот Стојмановски.

Тој вели дека ова не е проблем само на Куманово, иста судбина ги снаоѓа или допрва ќе ги снајде и останатите претпријатија во државата, но засега кумановскиот водовод е единствено без струја.

Советот на Општина Куманово донесе одлука со која ја задолжи претседателката писмено да се обрати до Владата и да побара отпис на долг од 151 милиони денари исто како што тоа е направено со Струмица и Берово.

Loading...

Никола Ивановски