Кумановски пожарникари заминаа на помош во Скопје (видео)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 11 припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово од рано утринава се заминати во скопскиот регион каде вчера катастрофално невреме збриша се пред себе и однесе најмалку 20 човечки животи.

Ние како Општина Куманово преземаме соодветни мерки за помош на настраданите. Цело попладне со градоначалникот на Општина Куманово и директорите на јавните претпријатија одржавме низа состаноци. Сега моментално имаме три екипи испратени од Куманово и градоначалникот на Куманово веќе е пристигнат на лие место во Скопје. испративме две возила од Територијалната противпожарна единица од Куманово со осум луѓе и две пумпи. Исто така испративме и едно возило од јавното претпријатие „Водовод“ за извлекување вода со четири члена – рече Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

Доколку се побара дополниетлна помош територијалната противпожарна единица стои на располагање за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион и остануваат во приправност за дополнително ангажирање.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.