Кумановски лихвар ќе одговара за насилство и заем од 50 илјади долари

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ј. (64) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ и „насилство“.

Loading...

Пријавениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба на Д.Р. (65) од Куманово, управител на правното лице „Трик-Трак“ склучил договор во 2013 година за заем од 49.500 УСА-долари со месечна камата 1,8% и неопределен рок на враќање.

По ова, во септември 2013 година пријавениот несразмерно ја зголемил каматата на 6% која оштетениот повеќе неможел да ја исплаќа, а со немара да се порамнат пријавениот го навел кај нотар да склучат договор за отстапување на половина од куќата, која ја поседувал оштетениот, со што на 09.04.2015 година недвижниот имот бил продаден на синот на пријавениот по што целосниот долг бил подмирен.

Исто така, на 06.10.2015 година околу 17,30 часот дошол во домот на оштетениот каде започнал расправија, по што и физички го нападнал удирајќи го во пределот на лицето за наводно неисплатена камата во висина од 6% за периодот од јуни 2013 до 09.04.2015 година.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.