Кумановски ЧИК некогаш извезувал 73 отсто од произвоството

Сподели со своите пријатели

Фабриката за чевли од Куманово ЧИК била најсупешната фирма кога бил во прашање извозот на производите на странските пазари.

Loading...

Во првите девет месеци од 1967 година фабриката во странство извезла 61,9 отсто од своето вкупно производство. Поточно, над 620.000 пара чевли во вредност од 3,5 милиони тогашни стари динари.

ЖИВОТ БЕЗ СМАРТФОНИ: Пред 53 години Куманово добил автоматска телефонска централа

Производите биле извезувани во 12 странски земји: Советски сојуз, Чехословачка, Источна Германија, Бугарија, Полска, Западна Германија, Шведска, Холандија, Франција, Англија, Канада и Австралија.

До крајот на годината вредноста на извозот надминала 74 отсто од целокупното годишно производство. Во структурата на извозот западните земји влегувале со 56, а источните со 44 отсто од вредноста на извозот.

Успехот на ЧИК не бил случаен. Уште со стартот колективот имал јасна ориентација за обезбедување пласман на своите производи на странските пазари, меѓу другото, и поради тоа што југословенското производство на чевли било за 50 отсто поголемо од потребите.

Кога биле поставени првите пешачки премини во Куманово?

Затоа колективот пристапил кон разработка на странските пазари. Резултатите потврдиле дека во тоа се успеало. Во тој прилог оди и фактот за зголемување на извозот, во 1966 година извозот бил 50 отсто од вкупното производство.

Loading...

Ориентацијата кон постојано зголемување на извозот продолжило и во следните години.

Сигурноста во поголем успех ја давал фактот дека ЧИК била компанија со реноме кое го постигнале како солиден производител на квалитетни производи и конкурентни цени.

Кој ја донел првата фудбалска топка во градот и уште 15 малку познати факти за кумановскиот спорт

Фабриката по вредноста на извозот била на прво место од сите индустриски капацитети во Куманово со учество од 40 отсто од вкупниот извоз на Општина Куманово.

Извор: „Наш весник“ број 145 (среда, 11. октомври 1967. година)

Leave a Reply