Кумановски акцијаши ги повикуваат сограѓаните во заедничко чистење на поплавените подрачја

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани Кумановски акцијаши ги повикуваат сите заинтересирани кумановци да им се приклучат во утрешната акција за санирање на последиците од катастрофалното невреме во скопскиот регион.

Поаѓањето е утре во 8 часот пред Општинската организација на Црвен Крст Куманово, а превозот и опремата за чистење се обезбедени од страна на Општина Куманово.

Инаку Кумановски акцијаши и волонтери од Куманово со денови активно се вклучени во санирањето на последиците од невремето кое минатата сабота направи пустош низ дел од скопските населени места и одзема 22 човечки животи.

 

Loading...