Кумановската “Стара црква“ го одбележува патронот Свети Никола (фото)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот православен храм „Свети Никола“ денеска го обележува својот патрон со света литургија која ја водеше митрополитот Кумановско – осоговски г. д-р Јосиф.

 

Loading...

Инаку храмот кај граѓаните на Куманово е познат и како „Стара црква”, каде денеска голем број на христијански верници дојдоа да се помолат за здравје и среќа, а митрополитот Јосиф ги повика верниците да прават добри дела по примерот на Свети Никола.

Ова е една од најпрославуваните домашни слави за голем број кумановци, кои во кругот на семејството со обичаи и традиција, со славски колач и вечера го одбележуваат празникот.

фото: КОЕ

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.