Кумановската полиција вчера казнила 83 возачи

Сподели со своите пријатели

Вкупно 83 возачи вчера казнила полицијата на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Најголем дел од казните биле поради непрописно затемнети стакла и возење без возачка дозвола.

– При контролата санкционирани се 83 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), 7 за истечена важност на регистрација и 5 мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли, како што посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се помалку ученици во Куманово, иселувањето најчеста причина

Никола Ивановски