Кумановската полиција привела тројца криминалци барани со потерница

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово барани со потерници за издржување затворски казни биле приведени од страна на полицијата изминатиот викенд.

Loading...

Во првиот случај бил приведен 31-годишник поради издржување затворска казна од три години и 10 месеци.

– На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, велат од Секторот за внатешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставени контејнери за собирање на текстилен отпад во Куманово (ВИДЕО)

Педесет и шестгодишник бил приведен поради издржување заторска казна од една година.

– На 06.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А. (56)  од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, велат од полицијата.

Поради издржување затворска казна од година и пол бил приведен четириесет и четиригодишник.

– На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (44)   од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

Никола Ивановски

Loading...