СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Т.(43) и А.З.А.(46), двајцата вработени во МВР на Р.С.Македонија и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во октомври 2015 пријавените, спротивно на одредбите од Законот за високо образование, Уверението за делумно реализирана студиска програма на студиите по ЕКТС издадено од Педагошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на полициска службеничка ѝ го признале како Уверение на студентите по ЕКТС за целосно реализирана студиска програма и стекнат стручен назив, велат од МВР.
Со тоа и овозможиле унапредување со решение во кое е наведено дека има високо образование.