Кумановската Гимназија ја одбележа смртта на патронот и 76 години од своето постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во дворот на кумановската гимназија денеска беа одбележани 119 години од смртта на патронот Гоце Делчев и 76 години од основањето на оваа училиште.

Loading...

 

 

Бројни делегации положија свежо цвеќе пред училишната биста, а директорката Марија Тодоровска и учениците се потсетија на некои од најголемите цитати на овој револуционер.

– Јас сум пресреќна што денеска во ваков број заеднички го чествуваме денот на нашиот великан Гоце Делчев. Ние сме училиште кое заслужува реноме со вакво име затоа што секогаш ги следиме неговите мисли и успеси, рече директорката Тодоровска.

 

Loading...

 

Освен што денеска училиштето одбележува 119 години од смррта на великанот Делчев, кумановската гимназија прославува и 76 години од отпочнување на воспитно – образовната дејност.

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски / Стефан Младеновски