Кумановската Гимназија го одбележа патрониот празник

Сподели со своите пријатели

Во гимназијата Гоце Делчев денеска беа одбележани 116 години од смртта на револуционерот, како и 74 годишнина од постоењето на училиштето. Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на општината, советот, политичките партии и други.

Loading...

-Имаме со што да се гордееме, имаме големи успеси за што говорат 50 наградени ученици во текот на оваа учебна година со освоени многубројни само државни и меѓународни натпревари.  Вчерашниот Отворен ден што го организиравме  за учениците од основните училишта кои треба да се запишат во наредната учебна година, имаа што да видат и да се запознаат со нашите наставни програми во сите четири години. Горди сме на сите награди, но не смееме да заборавиме на нас, кои бевме дел од ова училиште, како ученици, сите ја следевме мислата на Гоце и денес станавме успешни во своето поле – истакна директорката на училиштето Марија Тодоровска.

Учениците говореа за ликот и делото на Делчев за кого кажаа дека бил револуционер и светла личност од македонската историја.

Во гимназијата во рамки на одбележување на патрониот празник вчера се одржа и литературно читање, а денеска и ликовна изложба во Центарот за култура.

Loading...

Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник во Софија. Тој е убиен од турската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница.

Leave a Reply