Кумановската Гимназија домаќин на ученици од Португалија, Италија, Турција и Латвија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

СОУ Гимназија „Гоце Делчев”-Куманово активно работи на проектот „Промовирање на употреба на технологијата во образовниот процес” во рамките на Програмата „Еразмус +”.

Loading...

 

 

За таа цел денеска беа домаќини на гостите-професори и ученици од Португалија, Италија, Турција и Латвија, со кои спроведуваат проектни активности и разменуваат работни искуства и резултати од предвидените теми на делување.

 

 

Loading...

Оваа мобилност се спроведува на тема „Користење на мобилни апликации (дигитални алатки) на часовите по математика”.

На настанот присуствуваше и претседателката на Совет на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!