Кумановската Гимназија домаќин на мултиетничкото чествување на Бадник

Сподели со своите пријатели

Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ утре ќе биде домаќин на заедничката прослава на Бадник и Божиќ на учениците Македонци и Албанци, под мотото „Празниците зближуваат“.

Прославата е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и ОБСЕ, а истиот се одбележува од 2012 година.

На манифестацијата ќе присуствуваат ученици од сите средни училишта во градот, родители, наставници и претставници од верските заедници и локалната самоуправа.