Кумановската болница доби прочистувачи на воздух преку хуманитарна забава

Сподели со своите пријатели

Кумановската болница денеска доби прочистувачи на воздух, како донација од кумановскиот кафе бар „Сквер паб“ изминатиот викенд организираше хуманитарна забава на која беа собрани финансиски средства за оваа намена.

Loading...

– Собравме пари за шест прочистувачи на воздух. Оваа забава трае веќе два месеци насловена 35+, имаме посериозни гости, сакав да направам нешто корисно од неа. Ќе продолжиме со тоа и ќе имаме уште нешто, доколку можеме да помогнеме. Ги повикувам сите ако сакаат да придонесат нека дојдат на забавата, секоја сабота ќе биде нека повелат. За реализација на оваа хуманитарна акција поддршка даде и Техноцентар Алфи, бидејќи им се допадна идејата и тие ќе учествуваат и понатаму, изјави Милан Петрушевски сопственик на „Сквер паб“.

Прочистувачите како што денеска посочи директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева ќе бидат наменети за Детскиот оддел, каде фрекфенцијата на пациенти во овој период е поголема и каде 90 отсто од пациентите се со респираторна патологија.

– Иако оваа сезона како и претходните и на другите оддели имавме случаи со инфлуенца но сега имаме и случаи на морбили имаме мали деца, не само инфлуенца туку и други респираторни заболувања сметаме дека е погоден и тајмингот и самата донација. Благодарност до сопственикот на ланџ бар „Сквер гарден“ кој во овие зимски месеци се сети на нас, со една навистина адекватна донација која ќе им придонесе на нашите пациенти да се чувствуваат поубаво, да дишат почист воздух и да им ги олесни тегобите за време на престојот во нашата болница, изјави Захариева.

Годината започна со скромни донации, но со срце, додава Захариева. Како што потенцираше претходно имало донации за детскиот и акушерскиот оддел во болницата, а радува фактот што Куманово има општествено одговорни компании кои со донациите помагаат за поубаво и побезбедно здравство.

Leave a Reply