Кумановската библиотека годинава акцент ќе стави на популаризација на книгата

Сподели со своите пријатели

Библиотеката Тане Георгиевски пред се е институција која покрај основната задача збогатување на книжниот фонд и давање услуги на читателите има одредена визија и мисија, тоа е да ја промовира книгата како вистинска вредност кај младите, вели новоименуваната директорка на оваа јавна установа, Христина Алексовска.

Loading...

– За да се зголеми интересот кон книгата и да се популаризира книгата нашата библиотека во програмата има предвидено голем број на средби со писатели, промоции на книги, литературни читања, наградни конкурси, посета на најмладите на библиотеката. Многу манифестации предвидени во пограмата за 2020 година  за да се развие љубовта на децата кон книгата исто така имаме бесплатни уписи на ученици од второ одделние, посета на децата од градинката Ангел Шајче и слично, изјави Алексовска.

Како што информираше менаџерот на установата, во моментов се работи за промоција на збирката „Куманово низ мозаикот на зборови“ која е збир од повеќе песни напишани на кумановскиот дијалект, и истата ќе биде дел од кумановското културно наследство.

– Во текот на 2019 година имаме библиотеката е збогатена со голем број на нови наслови така што имаме 835 наслови белетристика односно околу 2853 книги белетристика напишани на македонски, албански, англиски, српски јазик, понатаму имаме околу 149 нови наслови од лектири, односно 1955 лектири на македонски и албански јазик, појаснува Алексовска.

На тој начин, надлежните од установата се надеваат дека читателите ќе бидат задоволни со она што го нуди библиотеката.

Годинава исто така се предвидени финансиски средства за набавка на нови лектири.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply