Кумановска компанија донираше респиратори за Министерството за здравство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановската компанија „МЕГА“ зеадно со уште неколку фирми од државата вчера остварија поголема донација на медицинска опрема и респиратори за Министерството за здравство.

Вкупната донација од 85 неинвазивни респиратори и 25 кислородни концентратори, наменети за поддршка на дишењето се донација од четири домашни компании: „Мега Куманово“, „Голден Арт“, „Акустик“и „Греемак“ и се употребуваат за третман на пациенти во критична состојба.

Loading...

 

 

Дел од опремата ќе биде наменета и за Општа болница Куманово, напиша на фејсбук градоначалникот Максим Димитриевски кој упати јавна благодарност за донацијата.

– Во мое лично име и во име на граѓаните на Општина Куманово сакам да се заблагодарам на нашиот сограѓанин г-дин. Оливер Бојковски сопственик на фирмата „Мега Куманово“ која заедно со други партнерски компаниите организираа донација на медицинска опрема и респиратори за потребите на Министерството за здравство. Оваа наша локална компанија како и многу други компании со седиште во Куманово и државата во континуитет покажуват висока општествена одговорност и во овие тешки моменти на кризната состојба, за што искрено сме благодарни и ги повикуваме и останатите да го следат овој позитивен пример, напиша Димитриевски.

 

 

Loading...

Вчера владиниот врв предводен од премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот Бујар Османи ја примија донацијата во Скопје.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *