Куманово загуби од Еуро Никел (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еуро Никел 2005 имаше одлично отворање на гостувањето во Куманово. Рано се стекнаа гостире со висока предност, но им дозволија на домашните кошаркари да стигнат негатива од 15.поени. Но не и да победат. Кавадарчани имаа одличен финиш во кој ја вратија предноста и ги земаа двата бода од ова гостување.

Loading...

 

 

Одлична прва четвртина одиграа кошаркарите на Еуро Никел 2005. Добро го затворија својот рекет играчите на тренерот Горан Самарџиев. Им дозволија на домаќините да реализираат само 11 поени. На другата страна беа доста ефикасни, стигнаа до убедливо водство од дури 15 поени, (26:11).

 

 

Loading...

Многу порамноправно се играше во втората четвртина, онаа во која кумановци како да се ослободија од оној почетен притисок. Заиграа нешто подобро, посебно во нападот, но не доволно да се доближат на некоја достижна негатива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово го пречекува ФК Фортуна: Дојдете масовно и навивајте коректно!

 

 

На полувремето, кавадарчани имаа слична позитива (42:28), која беше креирана преку десет реализации на Планиниќ, кој имаше поддршка од комплетната прва петорка.

 

 

Loading...

Но 11 поени Еуро Никел 2005 доби и од резервните играчи како Гавриловиќ и Караколев (искомбинираа 11.поени), што не беше случај на другата страна од игралиштето во салата „Перо Наков“.

 

 

Проблем за гостите беа четирите лични грешки на стартниот бек Стојновски, но и три кои ги имаше искусниот Караколев во таа „надворешна линија“.

 

 

Loading...

Но во второто полувреме, една сосема поинаква слика на теренот. За седум минути, гостите дадоа само пет поени, Куманово дури 18, за дефинитивно врќање во натпреварот. „Сино-белите“ беа во зостанување од само еден поен (46:47), а веќе во следниот напад, израмнија (47:47).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови на кумановско денеска и утре без струја

 

 

Но во последните две и пол минути гостите од Кавадарци сепак успеаја да ја вратат позитивата, и во последниот квотер да влезат со солидни, со оглед на развојот на настаните во третиот период, (54:47).

 

Loading...

 

Навистина, Куманово 2009 уште еднаш со доблжи и најави пресврт кога стигна до минус еден (61:62). Но во преостанатите 05:22 минути дадоа само уште два поени, што за искусна екипа како Еуро Никел 2005 беше и повеќе од доволно за рутинерски да финишира и да ја оправда улогата на фаворит.

 

Loading...

 

Планиниќ го затвори ова гостување со дабл-дабл ефект од 15 поени и 12 скока, Стојановски имаше 14, Ѓекиќ 11, а Младеновиќ уште десет поени за гостите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 320 ученици од Куманово учествуваа во натпревар за сообраќај

 

 

Loading...

Во домашниот тим, новакот Елијах Џојнер даде 19.поени, Јанески пак беше блиску до двоен скор, 12 поени и 9 скока, но без вистинска кошгетерска логистика од соиграчите.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски