Куманово во следните три дена ќе биде домаќин на годишно Собрание на градови на мир

Сподели со своите пријатели

Започнувајќи од четврток па до сабота,  општина Куманово ќе биде домаќин на тридневното 28-то годишно Собрание на Асоцијацијата на ”Градови носители на мир” на кое учество ќе земат 13 светски градови – членови на Асоцијацијата.

Loading...

Куманово како град – носител на мир беше избран за град – домаќин за 2015 година откако во регионот од јуни оваа година започна бегалската криза, првин во градот а потоа и на Граничниот премин Табановце, но и поради случувањата поврзани со настаните од 9-ти и 10-ти мај годинава кога градот се најде во опсада, за што и Асоцијацијата свика вонредно собрание.

Инаку општина Куманово е дел од оваа големо семејство на градови од 2009 година кога беше свечено примена заедно со Барселона, Мексико Сити и Загреб.

Асоцијацијата брои 120 градови од целиот свет, а извештаите од годишнитe собранија се доставуваат од Организацијата на Обединетите Нации. Минатата година генералното собрание беше одржано во Грција, каде присуствуваше и Генералниот секретар на ООН, Бан Kи Мун.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.