Куманово вечерва ќе добие рекреативно-спортска зона

Сподели со своите пријатели

Рекреативно-спортска зона вечерва во 19 часот ќе отворат Пивара Скопје и Кока Кола на градскиот кеј во Куманово.

Со отворање на оваа зона почнува вториот циклус од проектот со Кока Кола за донација на активни зони ширум.

Активните зони имаат најсовремена фитнес опрема, пет професионални фитнес справи и вратило, кои се бесплатни за сите граѓани.

Компанијата претходно согласност побарала и од Општина Куманово за локација на која ќе може да ја отвори оваа активна зона, а од локалната самоуправа со задоволство им излегле во пресрет. Проектот вечерва ќе го отвори градоначалникот Зоран Дамјановски.

Проектот „Кока Кола Активни зони“ е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје во соработка со компанијата Кока Кола.