Куманово вчеравечер со најзагаден воздух во Македонија (фото)

Сподели со своите пријатели

Со концентрација четири пати од дневно пропишаната, Куманово вчеравечер беше на врвот на листата градови со најзагаден воздух во Република Македонија според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нешто позагаден воздухот беше само во скопско Лисиче со 218 ПМ10 честички на метар кубен воздух, Куманово со 202, а веднаш потоа со 159 следуваше Тетово.

 

Loading...

vazduh

 

Според податоците на мерните станици, Куманово веќе четири дена е на листата градови со најзагаден воздух во државата, податоци кои претходно граѓаните не можеа да ги добијат поради неисправноста на станицата која беше во дефект неколку години наназад.

 

12784746_1117456104939730_1083259868_n

 

Инаку станува збор за податоци објавени денес 30 минути по полноќ.