Куманово утре против нескротливиот Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен со почеток во 18 часот ќе ги одмерат силите со лидерот на табелата, тимот на Гостивар.

Loading...

Навивачката треска која пред неколку години се случуваше на трибините во Куманово, сега му се случува на Гостивар, па тоа ќе биде дополнителен предизвик за избраниците на тренерот Александар Петровиќ.

Гостивар бележи само еден пораз од стартот на сезоната и со МЗТ го дели лидерското место во табелата, додека Куманово е нешто подолу со четири победи и три порази.

Инаку утрешниот натпревар како што пренесоа дел од спортските портали, ќе има хуманитарен карактер. Билетите ќе чинат 100 денари и сите средства ќе бидат донирани за настраданите од земјотресот во Албанија.

Leave a Reply