Куманово утре го пречекува Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Кожув во рамките на 15то коло од домашниот шампионат.

Loading...

Се очекува интересен и крајно неизвесен меч, со оглед дека и двете екипи се приближно на ист квалитет по ростерот.

https://www.instagram.com/p/B8Q6eQTJSf8/

Куманово е на средина од табелата со 22 бода, додека Кожув со два бода повеќе го дели второто место во табелата со екипите на Работнички, Гостивар и Еуро Никел.

Натпреварот се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ утре со почеток од 18 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply