Куманово со неизвесна игра до триумф над Фени Индустри (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово вчеравечер славеше победа над Фени Индустри кога на домашен терен ги совлада со резултат од 82:74 во рамките на првиот натпревар од 16-то коло на домашната лига.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”297″]

 

Драматична и неизвесна игра до самиот крај, а за тоа говори и фактот што гостите на полувреме имаа предност од 40:42, додека пред почетокот на последната четвртина, резултатот беше 57:58.

 

 

Но домаќините во последните десет минути ја покажаа својата борбеност и пдоготвеност за нова победа, па така периодот го добија со 25:16 и ја потврдија третата позиција на табелата во домашната лига.

 

Loading...

 

Најмногу поени освои капитенот Александар Костоски 26, веднаш зад него е Жарко Ракочевиќ со 20 бода, додека кај гостите тоа беше Враговиќ со 19, и Николовски со 18.

 

 

Кошаркарите на Страшко Тодоровиќ се уште се на третото место со ист број поени како и втората екипа, Карпош Соколи со по 27 бода, додека на врвот се наоѓа МЗТ Скопје Аеродром со 30 поени. Следниот натпвревар ќе го одиграат во гости со Соколи на 13-ти овој месец.

 

За повеќе видео материјал од вчерашниот меч кликнете тука.