Куманово пред полна сала загуби од МЗТ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Преполната сала на беше доволна Кошаркарскиот клуб Куманово да впише победа.

Loading...

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен забележаа пораз од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 60:73, во рамките на Првата кошаркарска лига.

Првата четвртина од средбата двата тима имаа рамномерна игра, се играше кош за кош, што го покажа и семафорот по истекот на десетте минути кога означи резултат 21:23 за МЗТ.

Loading...

Вториот дел од средбата кумановци ја загубија концентрацијата во играта, а веројатно поради се уште несинхронизираната игра со новите српски интернационалци, па тоа го искористи гостинскиот состав да уфрли повеќе кошеви.

На полувреме се замина со резултат 37:44.

По кратката пауза, на Куманово не му тргна, третата четвртина беше скоро двојно подобра за МЗТ, а пред се поради големиот број загубени топки на Куманово.

Последната четвртина избраниците на Александар Петровиќ беа за нијанса подобри од противникот, но не доволно за некаков пресврт во резултатот, па мечот заврши со 60:73 и нова победа на МЗТ.

Loading...

Кај домаќинот најефикасни со 15 поени беа Горјан Марковски и новото засилување Јован Црниќ, а двоцифрен број поени впиша и капитенот Марјан Јанески.

Поентер на мечот и најдобар кај МЗТ со 20 поени беше Бојан Крстевски, а по 13 реализираа Шорѓе Милошевиќ и Кристијан Николов.

Овој меч не направи значителна промена во табелата, Куманово и натаму останува на средината, а МЗТ ја зацврсти лидерската позиција.

Loading...

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply