Куманово празно како никогаш досега (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово ги почитуваат препораките за избегнување на јавни собири, па очигледно беше дека оваа вечер сите решија да останат дома.

Улиците се скоро па празни, само понекаде може да се забележат кумановци кои излегле на прошетка, ги има од најразлична возраст, од најмлади до повозрасни. Евиндентно е и отстуството на полицијата.

Loading...

Угостителските објекти се придржуваат до забраните за работа, па вечерва останаа затворени.

Типично невообичаена атмосфера за Куманово за петок навечер кога во кафулињата и ноќните клубови инаку се бараше место повеќе.

Атмосферата низ Куманово преку објективот на Кумановски Муабети.

Loading...

Текст/фото: Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *