Куманово повторно во духот на „Шарената револуција“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“, а со поддршка од опозициските политички партии и невладини здруженија и вчеравечер се протестираше низ улиците во Куманово.

 

Loading...

 

Протестот кој започна пред зградата на Основниот суд најпрвин беше одбележан со обраќања на Мартин Костовски, претседателот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, новинарот и татко на притворениот новинар Зоран Божиновски, Сања Богатиновска и Борко Стојановски од невладините организации и граѓански здруженија во Куманово.

Костовски истакна дека веќе 15 дена граѓаните протестираат против едностраните одлуки.

Многумина викаат што не гаѓате нешто во Куманово со боите на Шарената револуција, но што да гаѓаме кога ништо нема направено ВМРО-ДПМНЕ во Куманово? – запраша претседателот на ОО на СДСМ Куманово кој истакна дека ќе се борат се до паѓањето на Никола Груевски.

 

Според обраќањето на граѓанскиот активист Сања Богатиновска за актуелната Влада актуелни се само историјата и бројките.

Нашата Влада проценила дека очигледно немаме врска од историјата. Реши да не научи преку цртање, сликовите да ни покаже која е нашата историја и благодарени на нашата Влада сега знаеме дека нашата историја е барокна – рече Богатиновска.

 

Столе Божиновски, новинар и татко на притворениот новинар Зоран Божиновски вели дека Македонија е можеби единствената држава во Европа која во притвор држи новинар.

Новинарот како што тврдат Груевски и Латас и Ивона од Сител е криминалец и злосторник. Злосторник е затоа што се бори со новинарски средства против злосторници. Злосторник е затоа што прв и единствен го објави името и презимето на како што јавија другите медиуми висок македонски функционер кој заминал за Грција и од тамошната грчка полиција го откупил својот син за поседување одредена количина дрога и ладно оружје. Името на високиот македонски функционер е Трајко Вељановски, а информацијата до душманскиот новинар исцурела преку шефот на кабинетото на пречесниот претседател на македонскиот парламент – вели Божиновски.

 

Loading...

Последното обраќање пред почетокот на маршот беше на Едмонд Адеми, член на централниот и извршен комитет на СДСМ кој вели дека оваа пролет е најубавата за сите во Република Македонија.

Сите ние што сме тука сме со една причина и таа е многу едноставна,, да ја вратиме државата таму кај што припаѓа, во рацете на граѓаните на Република Македонија. Рековме нема избори на 5ти јуни и тоа се потврди, рековмне дека има законски решениеја Собранието да се свика и тоа се случи. Драги пријатели од стиропор бетон не бидува – порача Адеми.

 

Инаку по обраќањата започна марш низ улиците на Куманово кој започна од пред Основниот суд, а продолжи по улицата „Гоце Делчев“, булеварот „Трета МУБ“ од каде протестантите со запалени факели продолжија по улицата „Народна револуција“, па низ градскиот плоштад повторно се вратија пред зградата на кумановскиот суд.

И овој протест, кој е 11-ти по ред во Куманово заврши мирно и без инциденти.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.