Куманово потпиша Меморандум за соработка со ЕБРД

Сподели со своите пријатели

Делегација на Европската Банка за обнова и развој (ЕБРД) и општина Куманово, денеска потпишаа меморандум за соработка. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски потенцира дека општината ќе настојува да постигне повисоко ниво на соработка со ЕБРД, бидејќи веќе подолг временски период разговараат со банката, Куманово да се вклучи во проектот на ЕБРД за „Зелени градови“.

Loading...

Според него, ова е еден од најсериозните проекти на кои општината работи и е во сериозни преговори со ЕБРД веќе подолго време.

И досега од нивна страна добивме грант средства за да се изврши комплетно скенирање на јавните објекти во каква состојба се наоѓаат, дополнително ќе следи да се подготви студија за енергетска ефикансост на овие проекти  и комплетна проектна документација за изведба на истите, проект  кој се надеваме дека би можел да биде реализиран во следните две години. Но, првично ова беше неопходно, да се потпише Меморандум за соработка помеѓу општината и ЕБРД, изјави кумановскиот градоначалник.

Првично ќе се скенираат состојбите на објектите на училиштата, за во иднина да може да се настапи со проект за енергетска ефикасност, што подразбира, изолација, замена на прозорци, дополнителна гасификација. Димитриевски вели дека ќе ја следат насоката на збратимените градови од регионот, Бања Лука и Нови Сад кои, рече, веќе имаат искуство со имплементација на вакви проекти.

Претставничката од ЕБРД, Сузан Гоерансон, информираше дека овој проект  за „зелени градови“, ЕБРД го развила во 2016-та година и дека негова цел е да им помогне на градовите да ги идентификуваат, да ги утврдат приоритетите  и да адресираат предизивиците со кои се соочуваат од областа на животната средина и климатските промени. Меѓу клучните елементи во програмата, појаснува, потребно е градовите да имаат над 100.000 жители, да сакаат да имплементираат планот „зелена акција“ и да ги идентификуваат инвестициите. Куманово, додава ја пронајде енергетската ефикасност кај училиштата. Таа рече дека го поврзуваат урбаното планирање со предизивиците од оваа област.

Loading...

Денес имаме 36 зелени градови и Куманово е 37 град и му посакуваме добредојде  во семејството на „зелени градови“, рече претставничката од ЕБРД.

Куманово е вториот град во државата кој склучува ваков Меморанум за соработка со ЕБРД.

Leave a Reply