Куманово подготвено за евентуални излевања на реките (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во текот на вчерашниот ден постави вреќи со песок на неколку локации долж речните корита во Куманово со цел превентивно делување за најавените обилни врнежи од дожд и можни излевања и поплави.

Loading...

Со одлука на Општинскиот кризен штаб кој вчера одржа вонреден состанок, се задолжуваат јавните претпријатија во градот сите свои материјално – технички ресурси да ги стават во функција со цел справување со евентуални непогоди.

Во случај на настанување на поголема непогода или поплава и  доколку се врши евакуација на лицата  како евакуационо место е определено да биде училишната сала на ООУ ,,11 Октомври,“.

– Апел до граѓаните, поради појава на електични празнења да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја како и да не ги паркираат своите возила под дрвјата особено по теченијата на реките и градските паркови. Поради појава на електрични празнења можно е да дојде до прекин на електрична енергија, стои во заклучоците на Општинскиот кризен штаб.

Во случај на ризик или опасност од временските услови, граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 195 во Центар за управување со кризи.

Денеска ќе имаме променливо облачно и нестабилно време, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70л/м 2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Leave a Reply