„Куманово план” потпиша договори за соработка со ИЗИИС, Архитектонскиот и Градежниот факултет

Сподели со своите пријатели

Денеска ЈП „Куманово план” потпиша Договори за соработка со Архитектонскиот, Градежниот факултет и ИЗИИС при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје.

Loading...

Со овие договори се овозможува продлабочување на соработка во областа на урбанизмот, архитектурата, градежништвото и заштита на културното наследство.

На потпишувањето присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски.

– Меморандумот ќе се темели на заемната соработка во делот на размена на искуства во секојдневното работење на институциите и Јавното претпријатие. Целта е бидјеќи тука е знаењето да се искористи нивното знаење и искуство, особено во делот на ангажманот на студентите во Јавното претпријатие Куманово-план, бидејќи целта на оваа претпријатие е да креира проекти, да создава идеи за да може Куманово да се гради и да размислуваме на долгорочна основа Куманово 2020та, 2030та, 2040та, изјави градоначалникот Димитриевски.

За веќе започнатата постапка за Генерален урбанистички план, Јавното претпријатие Куманово план ќе користи и надворешна помош за комплетирање на проектот.

Деканот на Архитектонскиот факултет Огнен Марина ја поддржува оваа иницијатива и вели дека нивното присуство ја потврдува заинтересираноста да ги споделат праксата и искуствата.

Loading...

– Присуството на деканите и директорите од најреномираните институции од држава во областа на архитектурата и градежништвото, фактички ја потврдуваат нашата заинтересираност, знаењата, искуствата и праксата коишто ние ги имаме да ги споделиме со единиците на локална самоуправа, особено за мене бидејќи Архитектонскиот факултет веќе има активна соработка со општината, изјави деканот Марина.

Деканот на Градежниот факултет, Златко Србиновски вели дека не треба да се заборави потенцијалот за научно-истражувачка работа.

– Можеби не во прва фаза, меѓутоа како ќе се развива таа соработка во секој случај би требало и тоа да го форсираме на некој начин, од што секако би имале бенефит сите институции кои се потписнички на овој договор, вели Србиновски.

Директорот на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Влатко Шешов, вели дека со оваа спогодна Куманово може да биде лидер во државата.

– Може овој пример да го следат и другите единици на локална самоуправа, особено градот Скопје од каде доаѓаме, бидејќи секогаш мислиме дека недоволно сме искористени од страна на нашите институции каде можеме квалитетен придонес да дадеме. Вообичаено не викаат на крајот кога треба да дадеме критики и ревизија, а не на почетокот, и мислам дека ова ќе биде навистина една добра пракса, каде уште во почетокот на изведување на планска и проект адокументација ние со нашата сугестија ќе допринесеме за целата таа архитеконска и градежна документација биде на високо ниво, изјави Шешов.

Директорот на Јавното претпријатие „Куманово – план“ Горан Митевски, вели дека се очекува во наредниот период да бидат дадени конкретни резултати.

Loading...

– До крајот на 2020та да имаме многу активности кои се потребни и на оптинсктие институции на локалната самоупава и граѓаните на Куманово, изјави Митевски.

Планската програма за Генералниот урбанистички план допрва ќе се изработува и вели дека оваа соработка допрва ќе биде интензивирана.

Leave a Reply