Куманово ноќва со најзагаден воздух во Македонија

Сподели со своите пријатели

Воздухот во Куманово вечерва повторно беше најзагаден во Република Македонија, барем така покажува апликацијата „Мој воздух“ која податоците ги зема од мерните станици за квалитетот на воздухот поставени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Податоците измерени некаде пред полноќ покажуваа 191 ПМ10 честички на метар кубен воздух, што е далеку пред сите останати населени места во кои има поставено мерни станици.

 

Loading...

 

Ако се споредат мерењата од почетокот на месецов се доаѓа до заклучок дека висока загаденост на воздухот има само во вечерните часови односно по 19 часот, додека во текот на денот загаденоста е значително пониска.

 

 

Ваквите податоци, најверојатно се должат на фактот дека мерната станица за квалитетот на воздухот во Куманово е поставена во круго на Општата болница, која пак се загрева на мазут кој е еден од најголемите загадувачи. Што значи дека токму во вечерните часови, кога паѓаат температурите и се зголемува потрошувачката на мазутот за загревање на болничките простории, се покачуваат и ПМ10 честичките во воздухот.

Куманово долго време и покрај тоа што е најголема општина немаше мерни инструменти за квалитет на воздухот. По притисок од јавноста и медиумите се поправи стариот мерен апарат, меѓутоа неговата локација фрла дамка над релевантноста на податоците, па останува нејасно кога ќе биде дислоцирана станицата или ќе се постави уште една па со споредба на двете, конечно ќе се знае каков воздух душат кумановци.