Куманово набави дополнителни моторни пумпи, текстилна фирма почна со изработка на маски

Сподели со своите пријатели

Кумановска текстилна компанија почна со изработка на заштитни маски, информираше денеска, градоначаникот Максим Димитриевски. Максите ќе бидат дистрибуирани до граѓаните.

Loading...

-Благодарност до фирмата „БОСУТ“ Куманово која денеска почна со производство на поголема количина на заштитни маски кои ќе бидат донација, а подоцна ќе ги дистрибуираме бесплатно до граѓаните. Благодарност и до Дирекцијата за одземен имот која со одлука на Влада ни го обезбеди репроматеријалот за изрсботка на маските-објави кумановскиот градоначалник.

Воедно, тој информираше дека општината набавила12 моторни пумпи (прскалки) за дезинфекција на јавно прометни површини и влезови на згради, како и пластични заштитни везири.

Продолжува дезинфекцијата на екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ и ТППЕ Куманово (противпожарна единица) на стамбени згради на повеќе локации  „Трета МУБ“, „Народна револуција“, „Тоде Мендол“,„ Гоце Делчев“, „Зелен Рид“ и на улиците во населба Средорек.

МИА

Leave a Reply