Куманово меѓу градовите со најмногу дожд вчера. Што носи викендот?

Сподели со своите пријатели

Дури 31 литар на метар квадратен наврнале во Куманово во текот на изминатото деноноќие, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Повеќе дожд наврнал само на Попова Шапка, дури 43 литри.

Како што посочуваат од УХМР, денеска низ Македонија времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со комбинација на сонце и облаци.

Ќе дува умерен до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен целзусов.

Loading...

 

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и умерен до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максимумот е прогнозиран на 21 степен.

Стабилно и суво време ќе има до средината на следната работна недела, а потоа повторно ќе следува дожд.

 

Loading...

Никола Ивановски