Куманово кон конечна победа на вирусот, останаа уште 21 активен случај

Сподели со своите пријатели

Десет лица од Куманово кои беа позитивни на коронавирусот, се оздравени во последното деноноќие, а притоа нема регистрирани нови случаи. Со тоа од 416 случаи регистрирани од почетокот на пандемијата, во Куманово активни се уште само 21.

Loading...

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 636, активни 143

• Куманово – 416, активни 21

Loading...

• Дебар – 51, активни 0

• Штип-38, активни 4

• Прилеп –202, активни 59

• Тетово – 150, активни 66

• Струга – 71, активни 5

• Велес – 125, активни 53

• Битола –27, активни 8

• Охрид –21, активни 6

Loading...

• Кавадарци – 5, активни 0

• Гостивар –20, активни 3

• Гевгелија – 4, активни 0

• Струмица – 2, активни 0

• Крива Паланка- 6, активни 1

• Радовиш – 4, активни 0

• Крушево – 3, активни 0

• Кочани – 31, активни 4

Loading...

• Пробиштип – 2, активни 0

• Кичево – 2, активни 0

• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

• Демир Хисар – 1, активни 0

• Македонски Брод – 2, активни 0

• Пехчево- 3, активни 1

Loading...

• Делчево-1, активни 0

• Валандово -1, активни 0

• Виница – 2, активни 0

• Кратово-2, активни 1

• Берово-1, активни 1

Loading...

• Свети Николе-1, активни 1

Направените 533 теста се преку: ИЈЗ –256, Ветеринарен ф-тет -7, Авицена –12, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -53 и МАНУ -108. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Loading...

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply