Куманово ќе добие нова катна гаража (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе добие уште една монтажна катна гаража која треба да го олесни проблемот со недостаток на паркинг места.

Loading...

Првично предвидената локација за оваа гаража била Серава, но како што рече градоначалникот Максим Димитриевски, техничките можности тоа не го дозволуваат, бидејќи нуди мал број паркинг места, а инвестицијата е прескапа.

– Привчно беше најавено на Советот дека тоа ќе биде локалитет Серава, за жал техничките можности на оваа локација даваат само мал број на паркинг места кои би се добиле со едно такво решение, а трошоците се многу големи. Сметам дека на следната седница на Советот веќе кон крајот на март или април да побарам од Советот да ја промени одлуката и локацијата да биде изберена зад поранешна Комерцијално-инвестициона банка, изјави Димитриевски.

 

 

Инвестицијата, појаснува тој, би чинела помеѓу 430 и 450 илјади евра и средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply