Куманово ќе добие Младински центар

Сподели со своите пријатели

Агенција за млади и спорт во соработка со единиците за локална самоуправа, Сојуз за младинска работа и младинските организации/организациите за млади од Куманово, Кавадарци и Битола, во годинава ќе отвори 3 нови младински центри во овие градови, со што ќе се збогатат сервисите наменети за поддршка на младите на локално ниво.

Loading...

Заради запознавање со сервисот – „Младински центар“ и собирање на податоци за подготовка на најсоодветна програма за нивна работа, на 26ти август (понеделник) со почеток во 12:00 часот во просториите на младинскиот центар MultiКулти ќе се одржи консултативен состанок.

Сите заинтересирани можат да се пријават ТУКА.

Leave a Reply