Куманово ја започнува потрагата по инвеститори за ИЗ Новине и Речица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со видео презентација изработена на неколку старнски јазици, Општина Куманово се впушта во потрага по инвеститори за индустриската зона Новине и Речица.

Loading...

Како што брифираше градоначалникот Максим Димитриевски, постои голем интерес од страна на потенцијалните инвеститори за оваа индустриска зона, каде ќе има место за повеќе компании од лесната и незагадувачка индустрија.

– Во оваа индустриска зона имаме вцртано градежни маркици за изградба на индустриски капацитети од аспект на лесна и незагадувачка индустрија, под шифрата Г4 со можност за компатибилни градби и тоа значи дополнителни трговски единици, сместувачки капацитети, се во функција на она што значи лесна и незагадувачка индустрија, бидејќи Куманово е чист град, немаме големи простори за тешка индустрија и ќе го задржиме тој примат на чист град, ќе се обидеме да го унапредиме и да ја заштитиме животната средина, но секако и да ги зголемиме економските капацитети, рече Димитриевски.

Со 20 милиони денари кои локалната самоуправа ги доби како поддршка од Владата на РСМ, се отпочнуваат првите градежни активности, а очекувањата на Димитриевски се доста високи.

– Добивме поддршка од нивна страна за почеток финансиска, дополнително општината следна година врз база на средствата кои ќе ги прибере од продажба на парцелите кои што ќе одат исклучиво на транспарентен начин по пат на јавно наддавање ќе ги реинвестира средствата во изградба на капацитетот и на инфраструктурата и воедно очекуваме владата и следната година да не следи во тој тренд, рече кумановскиот градоначалник.

Следниот емсец се очекува да започнат првите градежни активности. Ќе бидат повикани потенцијални странски, но и домашни инвеститори.

Loading...

Граѓаните треба да имаат надеж, потенцираше Димитриевски, бидејќи имаме амбиции да направиме со оваа зона едно економско поместување во позитивна насока во државата.

Инаку во изминатата недела, градоначалникот на Општина Куманово оствари средби со амбасадорите на Словенија и Германија, кои лично ги запозна со можностите кои ги нуди оваа индустриска зона.

Leave a Reply