Куманово испрати пожарникари и цистерна за гаснење на пожарот во Тетово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово итно испрати свои противпожарни екипи како поддршка на Територијалната противпожарна екипа Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката на поранешниот Тутунски комбинат во Тетово.

Loading...

 

 

Дополнително една цистерна од Ј.П. Чистота и зеленило Куманово дава асистенција на нивните колеги комуналци во Тетово.

Како што пишува порталот МКД.мк пожарот го гаснат над 100 пожарникари од повеќе градови од државата, а над градот се издигнува густ чад.

 

Loading...

 

Допрва ќе се испитува дали воздухот е исполнет со отровни компоненти, но превентивно наставата е прекината во градот денеска и утре, а на граѓаните им се советува да не излегуваат од дома.

 

Никола Ивановски