Куманово го одбележа Денот на победата над фашизмот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На спомен Костурница традиционално и оваа година беше одбележан Денот на победата над фашизмот каде со свечени говори и положување свежо цвеќе им беше одадена почит на сите оние кои ги положиле животите за слободна Македонија.

Loading...

Цвеќе положија градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, претставници на Советот на Општина Куманово, голем број политички партии, јавни претпријатија, основни и средни училишта, градинки, Здружението на борци, претставници на Армијата на Република Македонија како и голем број граѓани.

Пред 74 години, нашите предци вложувајќи ги сите сили и надежи успеја да го дочекаат завршувањето на Втората светска војна, во која животите ги загубија повеќе од 50 милиони граѓани во целиот свет, рече градоначалникот Димитриевски, кој додаде дека 9ти мај е денот на слободата и денот кога доброто го победи злото.

– Нашата земја во 1941 година беше окупирана, но не и поробена. Македонскиот народ заедно со сите народи кои живеат на овие простори се дигна на востание со конечна цел за национално и социјално ослободување и создавање на првата државност. Од првите пушки во Прилеп и Куманово, востанието се прошири на територијата на овие простори денешни. По четири години крвава војна народот ја извојува слободата. Малку подоцна 9ти мај добива уште една голема смисла, уште неколку епитети кои ја доловуваат едноправноста и взаемната почит, зачетокот на една нова Европа, на едно ново големо семејство, рече Димитриевски.

Loading...

На денешната свеченост, евидентно беше отсуството на политичките партии од албанскиот блок и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Leave a Reply