Куманово е еден од шестте градови со регистрирани лица заразени со ХИВ

Сподели со своите пријатели

Први декември се одбележува како Ден на Светскиот ден на СИДА, и за денеска и Институт за јавно здравје и невладините организации најавија повеќе настани, на кои ќе ги кажат и новите податоци, но и што се прави за зголемување на свесноста и за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ.

Loading...

На настанот што го организира Здружението „Заедно посилни“, ќе се промовира и спотот – социјален експеримент кој е снимен во рамки на овогодишната кампања, а е базиран на реакции на македонската јавност кон луѓето што живеат со ХИВ. „Целта на настанот е заеднички да придонесеме за поголема свесност за ХИВ во македонската јавност. ХИВ-инфекцијата денес претставува една хронична состојба која успешно се менаџира со помош на достапна терапија, се разбира, доколку навреме се открие“, велат организаторите.

Според податоците на Институт за јавно здравје бројот на лица со ХИВ-СИДА за периодот од 1987 до 2015 година изнесува 251, од кои лица болни со сида е 166, ХИВ позитивни се 85, а починале 78 лица.

Најголем број од нив се регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид и Кичево. Во овие 6 општини се регистрирани вкупно најголемиот број луѓе што живеат со ХИВ-сида или 75 отсто од сите регистрирани случаи во државата.