Куманово доби нов началник на Секторот за внатрешни работи

Сподели со своите пријатели

Стојанче Величковиќ, досегашен полициски службеник во ПС за ГН Белановце е назначен за нов началник на СВР Куманово, на местото на Моме Јакимовски.

Смената на Јакимовски доаѓа накратко откако за нов шеф на ПС од ОН Куманово дојде Игор Митевски.

Инаку, денес се сменети пет началници на Сектори за внатрешни работи, изјави денеска Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција во Скопје.

Промени има во СВР Скопје, Велес, Охрид, Битола и Куманово.

Смените се поврзани, како што рече министерот Спасовски , заради пропусти во нивното работење, а нашалникот на СВР-Скопје е сменет заради упадот во УКИМ.

 

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.