Куманово доби 1,9 милиони евра од Владата за изградба на патишта

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе има на располагање 1,9 милиони евра за изградба на локални патишта во текот на следните четири години.

Loading...

Во Владата на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, за обезбедување финансиски средства, наменети за финансирање на општински проекти за следните четири години.

Целта на овој проект, како што информираат од Општина Куманвоо, е подобрување на локалната патна мрежа во урбани и рурални средини, преку изградба и санација на патишта и улици во општините на државата.

– Согласно потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу Општина Куманово и Министерството за транспорт и врски, за општината се обезбедени финансиски средства во износ од 1.950 000 евра, наменети за финансирање на општински проекти за период 2020-2024 година. Општина Куманово аплицира за изградба на локални патишта за поврзување на села и населени места и тоа: Косматац-Мургаш-Новосељане, Добрашане-Шупљи Камен и Амбар маало, информираат од општината.

Во периодот од аплицирањето на наведените проекти па до добивањето позитивно мислење од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Куманово има обврска да ја реши експропријацијата на трасите на патиштата, кои се составен дел на проектот.

Никола Ивановски

Leave a Reply