Куманово денеска против Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток во 18:30 часот ќе го одиграат второто коло од Суперлигата во домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на Гостивар, кој денеска ја има домаќинската улога.

Loading...

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ ја чекаат првата победа во овој дел од сезоната, откако во првото коло беа поразени од составот на актуелниот шампион Работнички.

Од друга страна составот на Гостивар веќе бележи една победа, откако во првиот меч ја совлада екипата на Блокотехна.

Leave a Reply