Куманово денеска преку ТФТ ќе се бори за место во финале од Купот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска го играат полуфиналниот наптревар од Купот на Македонија, а за противник ќе го имаат составот на ТФТ од Скопје.

Откако вчера во тензичен и крајно возбудлив натпревар избраниците на Марин Докузовски го совладаа Пелистер, остварија можност денеска повторно во преполна сала на домашен терен да играат за финале во Купот.

Мечот започнува во 19:30 часот.

Претходно се игра полуфиналниот натпрвар меѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Кожув.

Победниците од денешните натпревари ќе се сретнат утре, повторно во Спортската сала Куманово, каде ќе се одигра големото финале и ќе се знае кој ќе го крене трофејот во Купот на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТФТ го совлада Феникс во првиот меч од Купот на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Никола Ивановски