Куманово денеска го пречекува ТФТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска го играат мечот од 12. коло во домашното првенство, па на домашен терен ќе го пречекаат составот на ТФТ, со кој сезонава одиграа неколку натпревари како во македонскиот шампионат, така и во БИБЛ лигата.

Loading...

Куманово е под голем предизвик, со оглед на промената на тренерската позиција каде сега ќе се наоѓа Игор Ѓорѓиевски, кој го замени Владимир Мирковски.

Промената која се случи во најкус можен рок, може да предизвика мал проблем за кумановци, заедно со густиот распоред на заостанати натпревари во натпреварувањата во Македонија и Балканот кои ги имаат сино-белите овој месец.

Куманово и ТФТ веќе имаат одигрнао повеќе натпревари оваа сезона, во кои наизменично победуваа и едните и другите.

Мечот ќе се игра денеска со почеток во 17 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово, без присуство на публика, поради протоколите за заштита од коронавирусот.

Освен нов тренер, кумановци ќе заиграат и на новиот паркет кој беше заменет во салата пред неколку дена.

Никола Ивановски

Leave a Reply