Кумановка заработи кривична пријава за затајување

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишна Т.С. од Куманово заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено истата во периодот од 12.05.2008 година до 21.08.2015 година, како управител на правно лице противправно присвоила куќиште од компјутер со инсталирани програми и еден мобилен телефон набавени од правниот субјект кои и биле доверени во работата.

Исто така, на 10.08.2015 година од сметката на правното лице противправно префрлила износ од 370.000
денари на нејзина сметка. Со овие дејствија пријавената го оштетила правното лице за вкупен износ од 607.340 денари.

Секторот за внатрешни работи и поднесе кривична пријава за стореното кривично дело.